ЕКО Оптимизација на камиони

ЕКО Оптимизацијата на Вашето  товарно возило ќе ја намали потрошувачката на гориво и ќе Ви овозможи  заштеда на гориво од 6% до 15% , а со тоа и поголема добивка на Вашата компанијата
ЕКО Оптимизација на возила од товарниот сегмент преставува софтверска модификација со која товарното возило или механизациона машина имаат намалена потрошувачка на гориво.

Со оваа оптимизација возилото добива подобрени перформанси и полесно си ја извршува работата.

Бидејки возилото полесно се движи. Потребен е помал притисок на педалот за гас за возилото да достигне брзина на крстарење и да ја одржува истата брзина.
Со модифицираната програма не се додава дополнително количество на гориво во моторот. Ова значи дека со исто количество на гориво, возилото би поминало подолг пат.

Заштедата на гориво е различна при различни услови на користење на возилото:

  • до 6% при возење на автопат со константна брзина од 90km/h
  • 6%-10% при возење на регионални патишта со многу искачувања и спуштања и брзина 40km/h до 70km/h
  • до 15% при услови Stop&Go тргни – застани, брзина до 50 km/h. Ова се градски услови на користење и услови на шести втоварувања и растоварувања. Овие камиони се користат најмногу во градежништвото (кипери, миксери, бетонски пумпи . . .)

Kомпанијата  MCCHIP-DKR што ние ја застапуваме на овие простори е лидер во Германија во оптимизација на товарни возила со исполнети норми за добивање на TUV сертификат. Само во текот на 2011 година во Германија оптимизираа близу 2600 возила од товарниот сегмент.

Пронајдете го вашето возило овде и дознајте ги оптимизираните  перформанси