најчести прашања

КАКО Е МОЖНО ДА МИ СЕ НАМАЛИ ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО КОГА КЕ МИ БИДЕ ПОЈАКО ВОЗИЛОТО?

 

ПОДОБРО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ГОРИВОТО

При проектирањето на управувачкиот софтвер на моторот, според важечките стандарди, производителот е должен да ги задоволи EURO 4 нормите за автомобили и EURO 5 за товарни возила и автобуси. За да се постигне тоа, неопходно е да се намали искористувањето на енергијата која ја има горивото.

Со CHIPTUNING се подобрува искористувањето на горивото кое не е доволно искористено од еколошки причини. Со тоа добиваме зголемена сила на возилото и незначително намалување на еколошките норми поставени од производителот.

(нашите тјунери гарантираат дека и со најстроги проверки во најразвиените земји, нашиот CHIPTUNING ги задоволува еко нормите предвидени за возилото но не ги надминува во толкава мера како со фабричките параметри)

 

ПОЛЕСНО ДВИЖЕЊЕ НА ВОЗИЛОТО

Едно возило од 1000кг кое има вграден мотор со 100 коњски сили(КС) има специфична тежина од 10кг на секоја коњска сила.

Кога ние ќе ја зголемиме силата на тоа возило за 30КС, добиваме возило со иста тежина од 1000кг и посилен мотор кој сега има 130КС. Вака модифицираното возило има специфична тежина од 7.7кг на секоја коњска сила. Ова возило ги постигнува Вашите потреби за движење со помало притискање на педалот за гас

 

ЗОШТО ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НЕ ПРАВИ ОВА?

Производителот, при изработката на управувачката програма мора да земе во предвид дека развиените земји, имаат одредени законски норми во однос на екологијата, безбедноста во сообраќајот, услови за хомологација, услови за оданочување и сл.
Овие земји преставуваат најголем дел од пазарот за автомобили.
Прозиводителите на автомобили ги стандардизираат своите производи според условите во тие земји и секогаш им е важно да ги надминат нормите поради постојаниот развој. Најмногу се внимава на еколошките норми, бидејќи тие многу лесно се контролираат на годишниот технички преглед на возилото, со мерење на издувна емисија.
Сепак, со нашиот TUNING, Вашето возило ќе ги задржи еколошките норми предвидени од производителот, единствено нема да ги надминува во толкава мера.

 

ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ИЗВРШУВА ОВАА МОДИФИКАЦИЈА?

Во нашите центри оваа корекција се извршува за 2 – 5 часа со опрема и техника доставена од фирмата KUBATECH која е најголем развоен центар за CHIPTUNING на автомобили, камиони, автобуси, моторцикли, бродови, аграрни и механизациони машини во Германија и фирмата PIASINIENGINEERING развоен центар за автомобили, мотоцикли и глисери во Италија. PIASINIENGINEERING може да се пофали и со TUNING за Јапонски возила.

 

НА КОЈ НАЧИН СЕ ИЗВЕДУВА CHIPTUNING?

CHIPTUNING претставува замена на постоечкиот управувачки софтвер со нов оптимизиран софтвер. Тоа може да се направи на неколку начини.
Најчест начин е сериско програмирање преку приклучокот за дијагностика OBD2.
Со директно програмирање на компјутерот, надвор од возилото, со специјални кабли и приклучоци.
Со одлемување на епромот и негово препрограмирање. (традиционална метода, се применува кај постари возила)

 

ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРОМЕНИ НА МОТОРОТ?

Со прво ниво на TUNING никогаш не се потребни никакви дополнителни промени на моторот. Не се влошува рокот на експлатација ниту надежноста при експлатација.
Второ ниво на TUNING секогаш е проследено со промена на издувниот систем на возилото (можно е единствено кај спортски и суперспортски автомобили)
Повисоки нивоа на TUNING имаат потреба од повеќе хардверски промени како што се : компресори, турбо полначи, брегасти осовини, клипови, вентили, бризгалки за гориво и разни други делови неопходна за да се задоволат потребите на купувачот на ова ниво на тунинг, нарешено TUNING – по нарачка или CUSTOM-TUNING.