за нас

ПАМ Инженеринг од Скопје е основана во 2008 година и се занимава со софтверски модификации кај моторни возила.

 

Кај автомобилите и мотоциклите основна цел е подобрување на перформансите со што се зголемува задоволството при возење, додека кај останатите типови на возила ( камиони, автобуси, градежни и механизациони машина) целта е намалување на потрошувачката на гориво и остварување заштеда на компанијата која ги користи.

Под брендот StepOn Chiptuning вградуваме софтверски  TUNING модификации за сите видови возила кои за својот погон користат мотор со внатрешно согорување управуван со електронска управувачка единица ECU

  • автомобили
  • мотоцикли
  • товарни возила
  • автобуси
  • градежни и механизирани машини
  • глисери
  • јахти

 

Од самиот почеток склучивме договор за соработка со Германскиот гигант во областа на софтверски TUNING модификации MCCHIP-DKR  кој е најсериозен тунинг центар во Германија. Доказ за тоа исполнувањето на стандардите на TUV институтот од Минхен,  како и бројните награди, признанија и соработката со повеке производители на автомобили како Porsche, AUDI, BMW, Mercedes и други.

 

Како минуваше времето почувствувавме потреба за модификација на возила од Азиските земји за што побаравме соработка со фирмата PIASINIENGINEERING од Италија, која е единствен TUNING центар кој произведува опрема за модификација како и Софтверски модификации за овие возила.

 

За потребите од значително подобрени перформанси кај корисниците на спортски и суперспортски автомобили имаме соработка со врвни производители на делови кои ги подобруваат перформансите.

  • Издувните системи MILLTEKSPORT од Британија
  • Широк спектар на делови за подобрување на перформансите произведени и избрани ос FORGEMOTORSPORT исто така од британија

 

Со склучување на партнерствoто со MCCHIP-DKR и PIASINIENGINEERING  имаме можност да извршиме TUNING на сите возила со репрограмирани управувачки компјутер на моторот(НЕ-репрограмирани управувачки уреди има во некои од постарите возила – произведени во периодот од 1996 до 1999 година).