тјунинг

CHIPTUNING

 

CHIPTUNING процесот e софтверско оптимизирање на управувачкиот уред на моторот (ECU – Electronic control unit). Значи со CHIPTUNING се прави само корекција на софтверот во ECU што го управува работењето на моторот, без промена на физички делови или компоненти во управувачкиот уред.

 

Во програмата инсталирана во ECU е програмирана работата на моторот и останатите уреди кои се во важна врска со моторот. Компјутерот ги следи работните карактеристики на моторот преку електронски сигнали добиени од сензорите поставени во моторот. Микропроцесорот ги обработува информациите од сензорите и ги преработува според програмата за работа на моторот за да ги одреди:

  • количеството на гориво кое треба да се впрска
  • притисок на впрскување на гориво
  • моментот на запалување на смесата
  • интервалoт на електромагнетно впрскување
  • притисок на полнење на турбо и друго.

 

Со CHIPTUNING оптимизирање се постигнува:

  • зголемување на силата на моторот
  • зголемување на вртежниот момент во цел опсег на вртежи
  • подобрување на еластичноста
  • зголемување на максималната брзина

 

Зголемувањето на наведените параметри резултира со полесно движење на возилото и намалување на потрошувачка на гориво.